Од понеделник започнува со работа Градската теретана во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 05.02.2021 година – Објавени се Правилникот и протоколот за работа на Градската теретана во Македонска Каменица.

Теретаната ќе работи со строго почитување на Правилникот за работа од понеделник до сабота. Периодот од 10:00 – 16:00 часот е одреден за спортските клубови во Македонска Каменица, додека од 16:00 часот до 21:часот, како што стои во Соопштението за јавност, теретаната ќе работи за сите граѓани кои со претходно најавен термин ќе можат да ја посетат и користат теретаната.

Градската теретана за време на вонредната состојба поради пандемијата со Ковид 19 редовно е дезинфицирана, а внатрешниот дел целосно е бојадисан. Просторот е целосно уреден, а на повеќе места ќе бидат поставени пултови за дезинфекција на раце и обувки.

Теретаната започнува со работа поради големиот интерес на граѓаните за спорт и рекреација, како и потребата на спортските клубови во Македонска Каменица од дополнителни подготовки во преодниот период пред почетокот на пролетниот дел од натпреварувачките сезони.

Може да се забележи дека новина во работењето е задолжителното носење на обувки кои ќе се користат само за вежбање. Задолжително е корисниците и посетителите на теретаната со себе да носат пешкир и дополнителна опрема за хигиена, како и освежителни пијалоци.

Во целост Правилникот за работа под кој ќе функционира теретаната во Македонска Каменица:

ПРАВИЛНИК  ЗА  РАБОТА НА ГРАДСКА ТЕРЕТАНА
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

  • Теретаната работи од понеделник до сабота во периодот од 16:00 до 21:00 часот.
  • Задолжително мерење на телесна температура на пултот. Доколку температурата е над 37 C, влезот за лицето не е дозволен.
  • Пред влез во теретаната задолжителна е дезинфекција на рацете и обувките.
  • Задолжително е носење на обувки кои лицето ќе ги користи само за вежбање. Секое лице задолжително носи сопствен пешкир.
  • Пред и за време на вежбањето задолжителна е дезинфекција на рацете и машините со средствата оставени на неколку места во теретаната.
  • Во текот на целиот ден постојано се поминуват површините и машините со средство за дезинфекција. Просторот континуирано се проветрува.
  • Задолжително одржување на растојание од минимум 2 метри.
  • Градската теретана работи со закажување на термини за вежбање. Закажувањето се врши на пултот со резервација на секој нареден термин.
  • Дозволен максимален број на корисници во теретаната е 5 лица.
  • Лицата кои нема да се придржуваат кон Правилникот и протоколите за заштита од Ковид 19 нема да имаат дозвола за влез и дозвола за користење на теретаната.

 

 

Строгото придржувањето кон Правилникот и протоколите за работа на Градската теретана се основниот услов за нејзино користење.
Со почитување на Правилникот за работа на теретаната и со почитување на протоколите за заштита од Ковид 19 го штитиме личното и јавното здравје, – 
стои на крајот од соопштението за јавност упатено од Градската теретана во Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *