Одрони на патот Македонска Каменица – Кочани. Возете внимателно!

Според информации од неколку возачи, на патот Македонска Каменица – Кочани утринава има одрони, а на едно место се вози само на една коловозна лента. Сообраќајот не е во прекин, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината. Се очекува дека во текот на денот екипи на Македонија пат ќе го расчистат патниот правец.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *