На 13 Март, со почеток во 14:00 часот се оддржа 6-та редовна седница на Советот на Општина Македонска Каменица. Покрај усвојувањето на записникот од петтата седница, беа донесени и следниве одлуки според дневниот ред усвоен од Совет на општина Македонска Каменица:
- Советот на општина Мaкедонска Каменица ја усвои завршната сметка на Буџетот на општина Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај на општина Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ЈОУДГ ”Бамби ” Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на КИЦ ” Романса ” Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ООУ ” Св.Кирил и Методиј ” Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ЈП ” Камена Река ” Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ЈП ” Доминг” Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на СОУ ” Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица за 2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица дава согласност на Годишниот план за вработување во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица за 2019 година
- Советот на општина Македонска Каменица дава согласност на Програмата за изведување на еднодневна екскурзија низ Р.Македонија за ученици од трето одделение во учебната 2017/2018 година
- Советот на општина Македонска Каменица дава согласност на Програмата за изведување на дводневна екскурзија низ Р.Македонија за ученици од шесто одделение во учебната 2017/2018 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот извештај за исплатени парични средства за еднократна парична помош на физички лица заведен под бр.08-527/1 од 06.03.2018 година за период од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои барањето бр. 08-521/1 од 06.03.2018 година на ЈП “Камена Река” Македонска Каменица за преотстапување на теренско возило од општина Македонска Каменица на ЈП” Камена Река” Македонска Каменица
- Советот на Општина Македонска Каменица дава согласност на барањето заведено под бр.02-95/2 од 02.03.2018 година за измена и дополнување на Статутот на ЈП “Камена Река” Македонска Каменица
- Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација
- Се прогласува Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основно и средно образование запишани во државните училишта и студенти запишани на државните универзитети во Република Македонија
- За надомест на трошоците на организаторите на изборната кампања за Локалните избори 2017 година
- Се прогласува Одлуката за давење согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Северноисточен и Источен плански регион
- Се прогласува Одлуката за исплата на парични средства за организиција на Отворени Забавни Фудбалски Школи во износ од 100.000,00 денари за 2018 година
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои барањето бр. 08-526/1 од 06.03.2018 година на Јоцо Ангеловски од Македонска Каменица за одобрување на парични средства за лекување
- Советот на општина Македонска Каменица го усвои барањето бр. 08-525/1 од 06.03.2018 година на Маја Илиевска од Македонска Каменица за одобрување на парични средства за лекување