Одличните и оригинални “4и21” ќе бидат дел од програмата на “Петровденски конаци” во Кочани

Кочани, 3 јули 2017

Музичките настани ќе бидат во фокусот на 11. издание на манифестацијата „Петровденски конаци“ што под мотото „Музичко будење на градот“, ја организира Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани со поддршка од Министерството за култура и локалната самоуправа.

Како што соопшти директорката на „Бели мугри“, Кристина Атанасова Арсова, концерти ќе одржи одличната и оригинална група во своите настапи каменичката “4и21” бенд. Нивниот последен настап беше токму пред каменичката публика у тоа како пред група на одличните Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд. Бендот функционира и работи во Скопје, но пола од нив доаѓаат од Македонска Каменица (Симеон Шоле Ангеловски и Бранко Ивановски).

Потоа наназад следуваат кочанските Мјау, одличните Шекспир, Криптон, А-позитив и Игуана, тетовската хип-хоп атракција Natty fiyah. На 8 јули на Летната сцена на Центарот за култура ќе настапат Гиш и Гуру Харе, а на 11 јули, во пресрет на Петровден – Тони Китановски Трио. Сите концерти започнуваат во 21:30 ч.

Во програмата за одбележување на Петровден, Општина Кочани го вклучува традиционалниот влашки етно-фестивал „На Петровден сите на планина“, што ќе се одржи в сабота, на 8 јули, на Пониква. Од 7 до 11 јули во Кочани ќе се одржи Младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, а изработените дела ќе бидат изложени на 11 јули во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *