Одлична игра на младинските екипи на ФК Каменица САСА

Македонска Каменица, 17 Март – Како дел од второто коло младинските екипи на ФК Каменица САСА, денес одиграа два натпревари. Поделени според возрасни категории 2001 и 2002, против своите врсници од ФК Плачковица успеаа да остварат половичен успех. Во првиот натпревар во категорија 2001 одиграа со 3:1, додека во вториот натпревар во категоријата 2002 натпреварот заврши со 2:3. Иако резултатски и вете екипи ги поделија победите, сепак домаќините, особено во натпреварот од 2001 кат. успеаа комплетно да ги надиграат гостите.

Во текот на пролетниот дел следуваат уште десетина натпревари, на кои младинците на ФК Каменица САСА ќе имаат шанса за докажување и премин во редовите на сениорскиот тим од нашиот град.

Со оглед на временските услови во овој период на годината, теренот беше солиден за игра. На трибините, за жал имаше сосема мал број на гледачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *