Одлична вест: Над 150.000 македонски граѓани со бугарски пасош од денес слободно ќе можат да патуваат во Канада

Официјално од денес – 1-ви декември 2017 година Канада целосно ги укинува визите за останатите граѓаните од Европската Унија за кои тие досега важеа како што се тие на Романија и Бугарија.
Оваа одлука Канада ја донесе откако пред неколку месеци беше потпишан договорот за слободна трговија со Европската Унија.
Имено, отсега во Канада ќе можат без мака да патуваат и сите оние граѓани кои имаат 10-годишна канадска виза, а и оние кои имаат важечка виза за САД.
Ова претставува одлична вест за голем број на македонски граѓани кои имаат европски пасош.
Проценките се дека ги има околу 150.000.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *