ОДЛИЧНА ВЕСТ: КК „Баскет Кам“ влегува со 6 играчи во младинските репрезентации на Македонија

Македонска Каменица, 31.07.2020 година – Дури 6 кошаркари на КК Баскет Кам влегоа во поширокиот состав на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија. 4 играчи родени од 2007 генерација од 04.08.2020 година во СРЦ Кале – Скопје ќе ги започнат селективните тренинзи од втората фаза.

Матеј Митревски, Мартин Атанасов, Виктор Попов и Андеј Јованов се кошаркарите кои ја продолжуваат традицијата на КК Баскет Кам за учество во националните бои на кошаркарската репрезентација.

Во женска конкуренција Баскет Кам на поширокиот репрезентативен список во втората фаза влегува со две претставнички. Матеа Владимирова и Милена Зафировска заедно со врсничките од 2008 генерација ги продолжуваат селективните тренинзи во СРЦ Кале во Скопје. Како и во машка конкуренција селективните тренинзи и тука започнуваат од 04.08.2020 година.

Ова е уште еден голем успех на Баскет Кам кога станува збор за учество на поединци во младинските кошаркарски репрезентации на Македонија. Баскет Кам покрај овие успеси и настапите на голем број младински турнири во и надвор од државата, бележи и одлични настапи во Првата женска и во Втората машка кошаркарска репрезентација на Македонија. Екипата во женска конкуренција до прекинувањето на натпреварите поради Ковид 19 беше во активна борба за влез во Плеј Офф разигрувањата, а машката екипа беше со обезбедено 5-то место на табелата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *