Одлична вест за граѓаните: Нов тарифник во Катастар со намлени цени за услуги од 28 до 90%

На синоќешната седница владата ја усвои информација на Агенцијата за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висината на надоместотот за повеќе услуги на катастарот.
Според предложените измени, цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности ќе се намалат од 28 до 90 отсто.
„Врз основа на претходна анализа, заедно заклучивме дека постојат услови ова ветување да го реализираме без да го нарушиме финансирањето на Агенцијата за Катастар. Дополнително, во функција на децентрализирање на услугите, а со тоа и зголемување на нивната достапност, што несомнено е во интерес на граѓаните и компаниите, денес се согласивме дека е неопходно да вратиме дел од овластувањата на приватните геодетски фирми. Имено, наместо Агенцијата за катастар да има ексклузивно право за вршење на теренски работи за потребите на единиците на локална самоуправа и институциите на централната власт, заради забрзување на услугите праксата покажува дека е потребно таквите права и овластувања да ги имаат и приватните геодетски фирми, кои ќе ги исполнат неопходните услови“ изјави неодамна министерот за транспорт и врски Сугаревски.
„Разговаравме и за ублажување на казнената политика и воведување на мерката опомена. Превземавме обврска да направиме одредени анализи и во најкус можен рок да излеземе со конкретен предлог кој повеќе ќе се темели на превентивни мерки и политики отколку казни по секоја цена кои беа форсирани од претходната влада. Наша цел не е да бидеме страховлада туку да останеме сервис на граѓаните и мотор на економскиот развој.Најавувам дека ваквите средби ќе станат редовна пракса бидејќи наша заедничка цел е унапредување на геодетската дејност во Република Македонија и нејзино прилагодување на потребите на граѓаните и институциите“ смета Сугаревски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *