Одбележан Светскиот ден за борба против ракот со активности од областа на Биологијата на учениците во ООУ “Св. Кирил и Методиј”

Македонска Каменица, 10.02.2021 година – 4ти февруари – Учениците од 9в одделение: Елена Ангеловска, Елеонора Николовска, Анастасија Гоцевска, Стефанија Стојановска и Магдалена Ѓорѓиевска заедно со наставничката по биологија Љупка Ристовски со неколку активности дадоа мал придонес во одбележувањето на Светски ден за борба против ракот.

Сите низ светот треба да дадеме поддршка и да преземеме лична акција за лицата кои се соочуваат со оваа болест. Тоа е ден посветен на подигање на свеста за борба против ракот и охрабрување за негова превенција, откривање и третман.
Светскиот ден за борба против рак е единствениот ден на здравствениот календар каде сите ние можеме да се обединиме под еден знак – знакот на борба против ракот на позитивен и инспиративен начин. Во контекст на тоа учениците од 9в одделение: Елена Ангеловска, Елеонора Николовска, Анастасија Гоцевска, Стефанија Стојановска и Магдалена Ѓорѓиевска заедно со наставничката по биологија Љупка Ристовски со неколку активности дадоа мал придонес во одбележувањето на овој ден и поддршка на лицата заболени од оваа болест, дека не се сами и битката не е предвреме завршена.
Колку повеќе знаеме за ракот толку повеќе животи можеме да спасиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *