Огромна посетеност на изложбата на Лена Ѓуриќ во Македонска Каменица

Македонска Каменица – 30-тина дела на ликовната уметница Лена Ѓуриќ беа изложени во Центарот за култура во Македонска Каменица, како дел од изложбата „Парижанка во Македонска Кменица“:

„Драго ми е што сум овде и ме радува големата посетеност. Вакви настани ми даваат поттик и понатаму да се бавам со уметност“, истакна Лена Ѓуриќ, ликовен уметник.

„Делата на Лена Ѓуриѓ во Домот на култура во Македонска Каменица ќе бидат изложени во текот на наредните две недели, при што за учениците од двете училишта во градот ќе бидат организирани групни посети на ликовната изложба“, кажа Горан Огнановски, дир. на КИЦ “Романса” од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *