Огромен успех на натпреварите по Англиски јазик, Биологија и Физика на учениците при ООУ “Св. Кирил и Методиј”

Македонска Каменица, 19.04.2021 година – Месеците април у мај се резервирани за учество на учениците и професорите- ментори на општинските и регионалните натпревари по скоро сите предмети кои ги изучуваат во склоп на наставните програми за основно образование.

 

На 15. Април 2021 година се одржа онлајн општинскиот натпревар по Биологија на кој зедоа учество учениците: Лука Стојановски, Софија Ситновска, Ева Постоловака, Михаела Павловска и Илина Јаневска од 7 одд., Лука Стаменковски од 8 одд. и Ања Спасевска од 9 одделение.
Сите ученици кои учествуваа на натпреварот по Биологија обезбедија место на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 12 мај.

На 03. Април се одржа регионалниот натпревар по физика, каде со постигнатите резултати на државен натпревар се пласираа ученичките од 9. Одделение: Ива Јефремова 100 поени и Ања Спасевска со 96 поени.

Исто така, огромен успех постигнаа учениците и нивните ментори на Регионалниот натпревар по Англиски јазик, каде го постигнаа следниве резултати:

Учеството на останатите натпревари и резултатите од успехот на учениците, откако ќе бидат објавувени на веб страната на ООУ “Св. кирил и Методиј” истите ќе ги споделиме до вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *