Овде можете да се пријавите на Онлајн форумот за родова еднаквост „Низ женски леќи“

Македонска Каменица 06.05.2021 година

Почитувани жители на општина Македонска Каменица,

Би сакале да ве поканиме на онлајн форум во заедницата кој Општината Македонска Каменица во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција,
Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира во рамки на Проектот „Низ  женски  леќи:  покревање  на политики  и  буџетски иницијативи, следење на  спроведувањето  на
локалните  акциски  планови  за  родова еднаквост“.

Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Македонска Каменица, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината. Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани:

* I сесија 11.05.2021, 11:00-13:00ч- Дефинирање проблеми и предизвици
* II сесија 19.05.2021, 11:00-13:00ч- Дефинирање на предлог решенија
* III сесија 26.05.2021, 11:00-13:00ч- Презентирање на резултати и следни чекори

За учество на форумот регистрирајте се на следниов линк, каде по пополнувањето на краткиот прашалник на меилот кој сте го запишале ќе ви биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата со кликнување на линкот ќе бидете директно вклучени на Форумот.

https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZwpdOipqzwuHNQGeZlGRqp1OUm1cWL96B8D

Со почит,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *