Ова се симптомите кои укажуваат дека можеби сте заразени со корона вирус

Со доаѓањето на коронавирусот во овој регион, многу е важно да ги знаете неговите главни симптоми.

Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти.

Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, треска, кашлање и краток здив.

Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено додека грипот настапува нагло.

– Поголемиот дел од денешните вируси се слични на грипот. Американците ги нарекуваат „flu like“ или пак болести слични на грипот. Сè е тоа исто па и овој коронавирус има исти симптоми – изјавил неодамна д-р Бранимир Несторовиќ за „Телеграф.рс“ и додал дека невозможно е да се разликува грипот од обичната настинка освен доколку не се направи тест.

Како што лекарите многупати досега објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот, кога најголемиот број пациенти и се јавувале на лекување.

Една жена од Кина која што се излекувала од коронавирусот истакнала дека температурата константно ѝ варирала.

Се пренесува на два метри оддалеченост па како да знаеме дали некој во наша близина е заразен од коронавирус?

Првите знаци на инфекцијата вклучуваат респираторни симптоми – температура, кашлање, губење на воздух и отежнато дишење, но и генерално чувство на малаксаност.

Коронавирусот некогаш може да доведе и до респираторни болести како што се воспаление на белите дробови или пак бронхитис.

Уште некои од симптомите на вирусот се:
– главоболка;
– кивавица и кашлање;
– тешкотии во дишењето;
– зголемен крвен притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *