ОБЈАВЕН ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ФОРМИРАЊЕ НА МЛАДИНСКИ СОВЕТ

Поради неисполнување на критериумите од Јавниот повик објавен врз основа на членот 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020), Општина Македонска Каменица на ден 15.07.2021 година објавува повторен

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

За формирање Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Македонска Каменица за избор на членови на Локален младински совет на Општина Македонска Каменица.

(1) Општина Македонска Каменица пристапува кон формирање на Младински совет на Општина Македонска Каменица, како советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики.

(2) Претставниците на локалниот младински совет имаат право да:

предлагаат точки на дневен ред на Советот на Општина Македонска Каменица,

иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики,

доставуваат информации до Општина Македонска Каменица за прашања кои се однесуваат на младите и

вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со законот за младинско учество и младински политики.

(3) Бројот на членови на Локалниот младински совет е непарен и не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на Општина Македонска Каменица, но не може да биде помалку од пет лица. Членовите на Локалниот младински совет имаат мандат од две години со право на уште еден избор.

(4) Собранието на млади избира членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади. За избрани членови на Младинскиот совет на Општина Македонска Каменица се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати. Членовите на Младинскиот совет на Општина Македонска Каменица се верификуваат од страна на Советот на Општина Македонска Каменица. Од членовите на Младинскиот совет на Општина Македонска Каменица се избираат претседател и заменик претседател.

(5) Општина Македонска Каменица распишува јавен повик за членови на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Македонска Каменица.

(6) Иницијативниот одбор ќе го распише јавниот повик за одржување конститутивно Собрание на млади на Општина Македонска Каменица.

(7) Иницијативниот одбор се формира само за одржување на конститутивното Собрание на млади на Општина Македонска Каменица.

(8) Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот за млади во Општината.

(9) Се повикуваат сите младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување да поднесат пријава за формирање на Иницијативниот одбор за свикување на Собранието на млади на Општина Македонска Каменица.

(10) Организациите од точката (9) на овој Јавен повик не мора да бидат регистрирани во Општина Македонска Каменица, но мора да имаат активности на подрачјето на Општина Македонска Каменица.

(11) Организациите од точката (9) на овој Јавен повик кои ќе членуваат во Собранието на младите на Општина Македонска Каменица избираат делегат и заменик делегат, кои мора да бидат жители на Oпштина Македонска Каменица на возраст од 15 до 29 години.

(12) Задолжителни документи за пријавување за формирање на иницијативен одбор:

  • Портфолио на организацијата/групата/здружението,
  • Годишна програма за работа,
  • Извештај за активности со млади во изминатата година,
  • Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
  • Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

(13) Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Собранието на млади на Општина Македонска Каменица се поднесуваат до Архива на Општина Македонска Каменица, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Македонска Каменица, ул. „Каменичка“ бр.2, со назнака „За Јавниот повик за свикување Иницијативен одбор за Советот на млади на Општина Македонска Каменица“

(14) Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Македонска Каменица и Огласната табла во Општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *