Обид за силување во виничко

На 19.06.2018 година во 09.00 часот во Полициската станица Виница, 36-годишна жена од виничко село пријавила дека на 18.06.2018 година во периодот од 14.00 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16 годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Дневен билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *