Нов успех на Каменичани: Јована прва, а Христијан втор на републичкиот натпревар во „Детски семафор“

Сообраќајно воспитни манифестации за поголема безбедност на децата и младите во сообраќајот.

Повеќе од 50 години  по ред,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  во соработка со МВР, МОН, ОСБСП ,  Локалните самоуправи и Здружението на наставници по техничко образование   ги организираат  сообраќајно воспитните манифестации  за деца  и млади  „ Детски семафор“ и „ Сообраќајно техничка култура на младите“.

Континуираната  сообраќајна едукација на децата и младите е основен предуслов за долгорочно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.  Сообраќајните навики и културата и етиката во сообраќајот се градат од мали нозе, а совладувањето на сообраќајните правила и прописи значително придонесува за поголема безбедност на децата и младите во сообраќајот.

Да се биде дете и да се учествува во сообраќајот не е едноставна работа  а задача на семејството и на надлежните институции е да ѓи едуцираат децата како да се однесуваат во сообраќајот, сега и во иднина,  како да ги препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот и како да се заштитат себе си  и другите учесници во сообраќајот,  сега и во иднина.

Во таа насока, вчера ( 19.05.2018 год.)  во ООУ „Војдан Чернодрински“ Карпош – Скопје, се одржаа државните натпревари „Детски семафор“ и „ Сообраќајно техничка култура на младите“ на кои учествуваа најдобрите ученици кои покажаа најдобри резултати на општинските и регионалните натпревари.

Сите ученици кои учествуваа на манифестациите се победници затоа што основната цел на овие манифестации е едукација и совладување на сообраќајните правила и прописи и  обука, оспособување за  вешто управување на  велосипед и моторцикл.

Сепак најдобри поединечни резултати покажаа:

  • Мала група женски

1. Јована Лазарова –  Македонска Каменица

2.  Евгениа Дамева -Битола

3. Христина Бајрактарска Карпош

  • Мала група машки
  1. Дарио Јаневски – Куманово
  2. Марко Блажевски – Карпош
  3. Христијан Стојановски – Битола  и Стефан Јошевски – Прилеп
  • Голема група женски
  1. Теодора Николовска – Гевгелија и Стефанија Грозданова –  Кавадарци

3.Бисера Илиеска – Прилеп

  • Голема група машки
  1. Нико Лазаревски – Карпош – Скопје
  2. Христијан Веселиновски – Македонска Каменица
  3. Дамир Бачевац – Кисела Вода – Скопје

Екипно во „ Детски семафор“ најдобар резултат, прво место за екипата на општина Карпош- Скопје, второ место  за екипата на Битола  и трето место за екипата на  Струмица.

Што се однесува до „Сообраќајно техничка култура на младите“ најдобар екипен пласман покажа екипата на  СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, второ место за  ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово  и  трето место  за  ОСУ „Добри Даскалов“  – Кавадарци.

Поединечно најдобри резултати во „Сообраќајно техничка култура на младите“  покажаа:

  1. Јордан Грков од  ОСУ „Добри Даскалов“  Кавадарци и Орце Трпковски од  СУГС „Владо Тасевски“  – Скопје
  1. Антонио Аврамовски од  ОСТУ „Наце Буѓони„ Куманово.

Единствено со заедничка грижа на сите надлежни субјекти, со континуирана едукација, со позитивен личен пример кои секојдневно им го демонстрираме на децата и младите во сообраќајот,  на долг рок може да изградиме безбеден и сигурен сообраќаен систем во кој сите ќе се чувствуваме безбедно и нема  секојдневно да се грижиме за нашата безбедност и за безбедноста на нашите најмили.

РСБСП потсетува дека најголемиот успех на секој учесник во сообраќајот ќе се постигне  тогаш  кога секој учесник ќе пристигне безбедно на посакуваната дестинација и уште еднаш потсетува дека  безбедноста на децата  во сообраќајот сега и секогаш треба да биде врвен приоритет на секоја институција  и на секој учесник во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *