Нов улов на огромна риба во Калиманско Езеро: Кире Темчев улови „Сом“ тежок 50 килограми

Македонска Каменица 01.08.2018 година – Нов улов на огромна риба „Сом“ во водите на Калиманско Езеро кај Македонска Каменица. Овој пат станува збор за „Сом“ со тежина од околу 50 кг и должина од 2,16 метри. Каменичанецот Кире Темчев, кој важи за еден од најискусните и најредовни рибари од нашиот крај, е рибарот кој синоќа успеа од водите на Калиманско Езеро да извади вака несекојдневен улов.

„И во текот на минатите години, во повеќе наврати имаме извадено парчиња „Сом“ со над 2 метри должина, со слична тежина. Станува збор за риба која се лови т.е „пеца“ на риба и често рибарите од Каменица и регионот успеваат да уловат риба со огоромна тежина и големина“. – изјави Кире Темчев, за каменица.мк.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *