Нов рекорд и ненамерна реклама за Опел: 18 мигранти фатени во Опел „Синтра“ кај Штип

Oсумнаесет мигранти од Пакистан и Авганистан синоќа по полноќ биле откриени во возило кај Неготино.

„На регионалниот пат Неготино – Радовиш, во близина на полигонот кај с.Пепелиште, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило ‘опел синтра’ со штипски регистарски ознаки. Возачот нагло го запрел возилото и побегнал. Во наведеното возило биле откриени 12 лица од Пакистан и шест лица од Авганистан. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот“, соопшти МВР.

Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *