Нов златен медал за каменичанката Елвира Јангеловска

Нов успех на нашата млада гимнастичарка Елвира Јангеловска. Таа победи на вториот гимнатичарски турнир кој денес се одржа во Благоевград, Република Бугарија.

Елвира Јангеловска во изминатиот период освои повеќе златни и сребрени медали на неколку европски и балкански првенства. Таа е ученичка во основното училиште “Св.Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. За своите настапи, младата каменичанка, се подготвува под водство на својата наставничка и спортски работник, Мира Гошевска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *