НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „БАМБИ“

Градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова заедно со претставникот на Рудник „Саса“, финансискиот директор г-дин Дејан Спасевски, денес доделија новогодишни пакетчиња за дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица. Дечињата, пак, возвратија со подароци кои ги изработиле со нивните воспитувачи.
Доделувањето на новогодишни пакетчиња за дечињата веќе е традиција во Македонска Каменица, а поддршката за Детската градинка ќе продолжи и во наредниот период, како од страна на Општината, така и од Рудник „Саса“.
Во текот на утрешниот ден новогодишни пакетчиња ќе добијат и дечињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *