Нова канализациона линија во должина од 400 метри за потребите на домаќинствата од Стара Каменица

Нова канализациона линија во должина од 400 метри за потребите на домаќинствата од Стара Каменица

– Започнавме со изградба на нова канализациона мрежа во реонот на Стара Каменица со вкупна должина од 400 метри, Ф160, која е наменета за потребите на десетина домаќинства, – изјавува градоначалникот Атанасовски

Периодов пред нас, како што истакнува градоначалникот Атанасовски, ќе биде посветен на комплетна преобразба на нашата општина и на градење на најмодерен град во Македонија.

Изведувач на работите за изградба на канализационата линија е Јавното претпријатие “Камена Река”, кое во изминатиов период реализираше повеќе вакви проекти поврзани со комуналната инфраструктура во приградските и руралните средини од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *