Ништо од поларните температури, следува значително затоплување на времето

25. Јануари 2018 каменица.мк

Во текот на следниот период особено во текот на следната недела поради продор на топла воздушна маса од јужните географски широчини ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето особено во текот на денот кога маскималните дневни температури на воздухот ќе бидат ДАЛЕКУ НАД ПОРОСЕКОТ за овој зимски период од годината и истите ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10-тина степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност а нешто повеќе облачност ќе имаме во сабота.

Во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат дури и до околу 16, 17 степени.

НАПОМЕНА: Ова е лоша вест за лубителите на зимскиот спорт поради тоа што поради големото затоплување во текот на денот ќе дојде до топење на снежната покривка на скијачките центри

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *