Нервоза кај газдите на текстилните фабрики. Нема додатни субвенции од државата

Газдите останаа со кратки ракави среде зимо. Државата нема да го помага текстилното производство.  Наместо бараните субвенции, министреството на нив им ги понуди истите мерки кои важат и за сите останати:

  • Ние настојуваме да помогнеме преку системските мерки, конкретно преку политиката на ниски даноци . Тоа значи дека најголемиот дел од средствата се враќаат во компаниите, зашто реинвестираната добивка е ослободена од плаќање на давачки, истакна Кирил Миноски, министер за финансии.

Ова е одговорот на државата на конкретното барање на текстилната фела:

  • Ние бараме субвенции за набавка на нови машини со чија помош, со истиот број на вработени ќе имаме поголемо производство и ќе бидеме конкурентни на странските пазари, кажа Ангел Димитров, прет. на Организација на работодавачи.

Во исто време,  текстилците и државата не гледаат на ист начин и на недостигот на работна рака во оваа гранка:

  • Тоа што нема работници во некои гранки говори за тоа дека нашите политики за привлекување на странски инвестиции дале резултат, многу луѓе се вработиле таму, па во некои општини се јавува дури и недостиг на работници, смета министерот Миноски.

Инаку, текстилната индустрија е една од најзначајните стопански гранки во државата.

Во вкупниот извоз  учествува со 11%, а вработува 37.000 работници, што претставува 35 % од вработените во целокупната преработувачка индустрија. Во моментов, во оваа гранка недостасуваат помеѓу 2.-3.000 работници.

Текстилството, но и состојбата во останатите стопански гранки беа тема на разговор на денешната, редовна, средба помеѓу министерот Миноски и штипските стопанственици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *