НЕОФИЦИЈАЛНО: Угостителските објекти ќе бидат отворени на 18-ти мај

Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките. Комисијата за заразни болести на Владата и препорачала органичувањето на движењето да продолжи да важи до 23 мај, но од понеделник граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршување на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почне од 21 часот навечер.

Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела, јавува Телма.

Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри.

Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работат до 18 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат.

Свадби и крштевки се забранети. Одговорно лице мора да стои пред влезот на објектот за да го регулира протокот на гости.

Најмалку 9,6 метри квадрати е просторот кој ќе смее да зафаќа една маса за 4-рица гости и на секоја маса ќе мора да има средство за дезинфекција.

Извор -Телевизија Телма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *