Неофицијално: Газда на менувачница во Кисела Вода ги убил двајцата разбојници за да се спаси

Попладнево се случило двојно убиство во менувачница, откако двајца разбојници влегле да ја ограбуваат. Како што неофицијално дознава „Фокус“, газдата на менувачницата во самоодбрана пукал во двајцата разбојници.

Откако разбојниците влегле во менувачницата, го удриле газдата со кундак, по што тој пукал во двајцата. Се уште нема информации дали газдата имал пиштол или пак им го одземал на крадците и со него пукал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *