Нема приговори за ниту едно избирачко место на Истокот. Избраните кандидати утре ги очекуваат уверенијата

На неколку часа пред истекот на рокот, општинските изборни комисии од 7-те општини од регионот каде имаше гласање во втор круг, немаат добиено приговор од ниту едно избирачко место.

Рокот за поднесување пријави истекува во 02.00 часот по полноќ. Ако дотогаш никој не поднесе приговор, општинските изборни комисии веќе утре ќе можат да им ги доделат уверенијата на новоизбраните градоначалници и членови на советите.

Решенија треба да добијат градоначалниците и новите советници во Македонска Каменица, Штип, Виница, Зрновци, Чешиново Облешево, Карбинци и Пробиштип.

Избраните градоначалници уште одсега најавуват итно решавање на граѓанските проблеми, за кои во некои општини тврдат дека се трупани со години:

  • Сакаме да бидеме сервис за нашите граѓани, да ги решаваме нивните проблеми, зашто изминатите години Чешиново Облешево стана запустена општина, кажа Горанчо Крстев, избран градоначалник на Чешиново Облешево.

Со идентични најави се и во Виница:

  • Во наредниот период не чека многу работа. Понудивме програма која граѓаните ја поддржаа и која во наредниот период ќе ја реализираме, рече Ивица Димитров, избран градоначалник на Виница.

 

Во Виница, за првпат освен градоначалник, Виница доби и мнозинство во Советот:

  • СДСМ има освоено 9, а ВМРО 8 советнички мандати, потсети Митко Илиевски, избран советник во СО – Виница.

До крајот на оваа или најдоцна во текот на наредната недела се очекува и одржување на конститутивните седници.

Претходно, конститутивни седници веќе се одржаа во Делчево, Берово, Пробиштип и Кочани.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *