Недостиг на струја го оставил без вентилација рудникот Леце во Србија. Ги однесе ли тоа во смрт рударите од Македонија?

Недостиг на струја го оставил рудникот Леце без вентилација. Ги однесе ли тоа македонските рудари во смрт е дилемата која треба да ја разрешат истражните органи на соседна Србија. Истрагата е се уште во тек, но официјални податоци нема.

Во меѓувреме, од раководството на рудникот тврдат дека вина за смртта на рударите кај нив нема:

  • Снема струја, вентилацијата не работеше и веројатно дошло до зголемување на концентрацијата на гас. работниците влегле во зона во која  не смееле да бидат во тој период и веројатно дошло до труење, изјави Душко Гагиќ, дир. на рудникот „Леце“.

Во моментот додека биле во јамата, работниците веројатно биле без комуникација со останатите колеги:

  • Ние сме во јамата, немаме телефони, часовници и си ја работиме работата. Тоа што снемало струја е навистина проблем, кажа Зоран Јанев, колега на загинатите рудари.

Зоран Петковски од Крива Паланка и Тони Нанев од Пробиштип, во рудникот во Леце работеле околу четири години и биле сместени во хотелот за самци во склоп на рудникот. Инаку, во рудникот Леце работат околу 400 рудари, а истиот веќе неколку месеци е во стечај.

Од македонското МНР засега немаат информации околу тоа кога телата на Зоран и Тони, ќе бидат транспортирани во Македонија.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *