Неверојатно: Цената на нафтата влезе во минус

Цената на нафтатаза прв пат во историјата на САД е во минус, јави Си-Ен-Ен.

Преходно во денот, за терминските испораки нафтата падна на девет долари за барел, што е најниска цена од 1998 година. Потоа падна на пет долари, па на еден долар, па на десет центи, а потоа на берзата беше излистана цена за барел од минус три долари.

Цената на нафтата падна како резултат на распродажбата на светските пазари поттикната од неизвесноста за моментално (не)достапните капацитети за складирање на нафта.

 

Поточно, побарувачката за сурова нафта драматично се намали како резултат на замрзнување на економската активност во голем број на земји поради пандемијата на коронавирусот.

Сепак, како што пишуваат светските медиуми, драматичниот пад е пред се резултат на техничките околности за тргување. Нафтата на светските пазари се тргува со фјучерси односно со термински договори, кои за испораките истекуваат во вторник. Поради тоашпекулантите на берзите се обидуваат да се ослободат од нивните договори за да не мора да ја складираат нафтата, што ја зголеми продажбата дури и повеќе од вообичаеното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *