На 28 април ќе биде отворен новиот Дом на култура во Каменица

На 28 април 2017 година, свечено ќе биде отворен новиот Дом на култура во Македонска Каменица. Викенд програмата ќе започне во петок (28.04) со настапи на дечињата од „Јас имам талент“, КУД „Вера Јоциќ“ и локалните бендови Риплеј и Литиум.
Истиот ден, во 19.00 часот ќе се оддржи концерт на „Пламенка Трајковска гудачки квартет“.
Програмата ќе продолжи во сабота (29.04), кога ќе се оддржат две театрски претстави на Театар Колозов од Скопје. Во 17.00 часот ќе се оддржи детската театарска претстава „Љубопитната принцеза“, а во 19.00 часот е хит-претставата „Женско царство“.
Во недела (30.04) етно концерт ќе оддржи каменичкото музичко чудо Бајса Арифовска.
Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ ги покануваат сите граѓани да присуствуваат на овие културни настани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *