На јавен консултативен состанок претставен проектот “Одржлив екомноски развој на Македонска Каменица”

Денеска, со почеток од 10:30 часот во Културно Информативниот Центар “Романса” се одржа јавен консултативен процес со граѓаните на Општина Македонска Каменица, каде беше претставен проектот „Одржлив економски развој на Македонска Каменица“, имплементиран од PrimePoint Partners.

На настанот присуствуваа повеќе од 50 претставници на локалното население, владини и невладини институции, локални претпријатија, земјоделци, занаетчии, претставници на образовните и научните институции кои, ги споделија своите идеи за проекти за долгорочен развој на општината.

Програмата, како што истканаа од PrimePoint Partners, има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување, пристап до финансии и пласман на производите и услугите.

– Заедно со нашите експерти за туризам Маја Блажев и земјоделство Лазо Димитров, преку активно учество во работилници, пристуните ги идентификуваа потенцијалите на општината за развој на бизниси од областа на туризмот и земјоделството кои би можеле да бидат поддржани во следните фази на проектот со бизнис советување и пристап до финансии, – изјавуваат од PrimePoint Partners

Од PrimePoint Partbers како имплементатори на проектот, дополнуваат дека сите заинтересирани кои сакаат да дадат свој придонес во некоја од тематските области, се добредојдени да се приклучат во овој консултативен процес. Вашите контакти и податоци можете да ги пратите на е-маил: renata@theprimepoint.com

Партнери во проектот се Општина Македонска Каменица и Фондација САСА.

Извор: PrimePoint Partners

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *