На сообраќајниот хаос во Скопје му нема крај: Автомобил удри човек на постојка за автобуси во Кисела Вода

Околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода беше удрен човек.

Повредениот падна на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје.

Повеќе присутни граѓани му помагаа и беше повикана Итна помош. Присутните цело време ги пренасочуваа и ги предупредуваа автомобилите кои се движеа од Кисела Вода кон Центар за да не го удрат повредениот.

Тој остана на асфалтот и никој не го помрднуваше затоа што на тој начин можеа да му ги влошат повредите.

Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.

Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.

Плицијата најави повеќе информации за настанот.

Izvor: TelmaTv

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *