НАЈНОВИ ВЕСТИ: ОТКАЖАНИ СИТЕ СПОРТСКИ И КУЛТУРНИ НАСТАНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА. ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ КОН ПРЕПОРАКИТЕ ОД НАДЛЕЖНИТЕ

Македонска Каменица, 10.03.2020 година – По пристигнатата информација од општина Македонска Каменица дека од утре, 11.03.2020 година (среда) основното и среднотоучилиште, како и предучилишната установа (детска градинка) на територијата на општина Македонска Каменица, времено ќе го прекинат воспитно – образовниот процес таква одлука за прекин на сите активности, донесе и КУД „Вера Јоциќ“ каде пробните играорни вежби се откажани во целост.

ЈП Камена Река ги извести граѓаните за времено затворање на градската теретана, а училиштата ја објавија мерката за затварање на спортските сали кои нема да можат да се користат за било какви активности. Исто така, сите спортски клубови од Македонска Каменица како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19 – коронавирусот, ги откажаа предвидените термини за тренинзи на младинските категории.

КЛИКНИ ТУКА И ПРОЧИТАЈ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС

Од утре, согласно со владината одлука, за еден родител со дете до 10 годишна возраст, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции, во споменатиот рок од 14 дена. Во овој период, во училиштата, детската градинка, градкста теретана и во КИЦ „Романса“ ќе се изврши вонредна дезинфекција.

Инаку, мерката во траење од 14 дена, согласно со Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *