Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс министерот за образование Спиро Ристовски се двајцата осoмничени кои се приведени за настаните за 27 април, дознава „Фокус“.
Денеска заедно со нив беше приведен и пратеникот Трајко Вељановски.
Според добиените информации, двајцата по кои се трага се поранешниот директор на Шестта управа Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои веќе подолг период се во бегство во Грција.