Наумче Мојсовски конечно именуван за нов директор на Агенцијата за млади и спорт

Наумче Мојсовски конечно именуван за нов директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски е именуван за директор на Агенцијата за млади и спорт. Владата не денешната седница го потврдила изборот на Мојсовски кој доаѓа на местото на Дарко Каевски кој беше избран за пратеник во македонскиот парламент.

Наумче Мојсовски е претседател на Комисијата за спорт во СДСМ. Тој ја заврши ракометната кариера во 2016 година. Член е на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија и на управата на РК Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *