Науката потврдува: Трошете ги парите на патувања

Со години луѓето слушаат дека парите треба да ги трошат на патувања, но сега постои и научен доказ кој го потврдува овој факт.

Последните психолошки истражувања од Корнел Универзитетот во ЊУјорк потврдува дека клучот за среќата е во искуствата, а не во работите. Истражувањето спорведено две децении, предводено од Д-р Томас Гиловиќ, кој вели дека една од клучните разлики помеѓу нашата вредност на искуства и предмети е адаптацијата.

„Купуваме работи за да не` направат среќни и успеваме во тоа. Но само на кратко. Новите работи се возбудливи за нас на почеток, но потоа ние се прилагодуваме на нив“, вели тој.

Во суштина, се навикнуваме на работи кои ги поседуваме, и со текот на времето среќата која ја добиваме од нив, полека исчезнува. Од друга страна, среќата која произлегува од работите кои сме ги направиле, всушност се зголемува како што поминува времето, бидејќи тие искуства стануваат дел од нас и го обликуваат нашиот идентите (Ова е причината зошто вашиот Play Station седи и бери прашина под креветот, а вашата 4 месечна турнеја низ Јужна Америка се`уште ве први среќни дури и после неколку години).

Гиловиќ сугерира дека наместо да штедите пари за плазна телевизор, патот до среќата е во трошењето на вашите пари на искуства како што е патувањето и различни активности на отворено, стекнување на нови вештини и посета на изложби.

„Иако мислите дека предметите се дел од вас и вашиот идентитет, сепак тие и понатаму остануваат одвоени од вас. Спротивно на тоа, вашите искуства се дел од вас. Ние сме вкупниот износ од нашите искуства“, завршува тој.

Извор: Факултети.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *