Нападната полицајка во Кочани

Полицајка навредувана и нападната среде бел ден во Кочани. Таа таму била службено извршувајќи задачи од областа на безбедноста, но наместо да спречи и самата станала жртва на напад.

Напаѓачот е 33-годишник со иницијали Г.Ј. кој полициската службеничка прво почнал да ја омаловажува, а потоа и ја турнал, од што таа се здобила со телесна повреда.

Лицето е приведено во Полициска станица Кочани и против истото ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *