НАМЕСТО РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ ОСТАНАЛЕ И БЕЗ ПАРИ

Стотина студенти од Македонија кои се пријавиле за работа во Германија си ги бараат назад парите од агенцијата за посредување при вработување бидејќи наводно се работи за измама. Тие утрово се собраа пред канцеларијата на агенцијата „Венера Кемаловски“ и ги бараат парите кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во Германија.

Студентите требало да работат во бутиците „Зара“, рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и досега требало веќе да се заминати. Студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите. На дел од нив и им ги вратил, но голем дел останале без финансиите што ги уплатиле. На вратата на агенцијата, пак, пишува дека вработените се на годишен одмор иако вчера ги контактирале телефонски студентите и им рекле да дојдат да си ги побараат парите назад.

Ние цело утро вртевме на телефонските броеви на агенцијата која има преставништва во Скопје, Штип, Струмица и Битола, за да добиеме информација што се случува, но никој не се јавуваше. Подоцна телефоните беа веќе исклучени, а фиксните телефони што се оставени за контакт не постојат. До нашата редакција пристигнаа неколку писма од студенти кои бараат помош. Еве што велат тие во писмото:

„Агенција, објавила два конкурси со почеток едниот на 15.06.2017 а другиот 01.07.1017. Ги обврзала студентите со договори со кои се обврзуваат да платаат 550 евра, ветувајќи дека ќе им плати и авионска карта и сместување. Повеќето од нив, уште пред тргнувањето уплатиле дел од сумата, а некои и целосната сума, и притоа за истото не добиле никаква фискална сметка ниту документ за направена уплата. Драмата започнува веднаш после 15.06 кога првата тура студенти не тргнува, со изговор дека работните дозволи доцнат.

Денес, на месец дена од денот кога требаше да започнат со работа, од повеќе од 100 студенти, работна дозвола поседуваат само 8 од нив, а притоа истите веќе месец дена се задоцнети т.е истечени. На плус 40 степени, студентите од повеќе градови се органицираат и секојдневно одат до агенцијата со надеж дека ќе стигнат нови информации, но секој ден слушаат по уште една лага, вработените дигаат раменици, а од директорот Емран Кемаловски нема ни трага ни глас.

Беспомошни, безнадежни, стидентите решија да им се обратат на идните апликанти,за да избегнат вакви драми и патешествија сериозно да ги разгледуваат договорите кои ги потпишуваат при апликација за работа во странство, да го направат тоа во консултација со правно лице и истото да го прават во агенции со претходни препораки.Притоа, го повикуваат господинот Емран Кемаловски,засега неостапен и скриен, конечно јавно да се произнесе за ситуацијата и да ја превземе во целост одговорноста за изиграните студенти“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *