НАМЕСТО ПРАКТИЧЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ, ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА И ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИ ВО АВТО-ШКОЛА ОД ДЕЛЧЕВО

Наместо практичен возачки испит, во Делчево имаше протест на вработените од автошколата Ацико-трејд и интервенција на полицијата.

На ова му претходеше своевиден скандал при полагањето практичен возачки испит за Це- категорија во Делчево, а двајца кандидати не успеале да го полагаат испитот за кој платиле по 5000 денари, бидејќи Комисијата не дозволила да се користи товарното возило сопственост на автошколата Ацико-трејд од Делчево и по кој знае кој пат, како што велат од Ацико-трејд, побарала вонреден технички преглед на возилото што за сопствениците на оваа позната делчевска автошкола е злоупотреба на улогата на Комисијата.

  • Претседтелот на Комисијата не дозволи да се полага со нашето возило , иако му ги доставивме сите документи. Но подоцна го побараа возилото и ние го однесовме возилото во интерес на кандидатот кој по 4-ти пат полагаше да не му пропадне пријавата, меѓутоа комисијата наместо да го испитува кандидатот дали знае и има вештина да управува со возилото, тие се упатиле повторно на технчки преглед. Јас бидејќи разбрав за намерата, не дозволивме повторно возилото да се однесе на технички преглед, изјави Ванчо Арсов- Ацико-трејд.

Во знак на револт, бидејќи ваков скандал им се случува по петти пат последниве три месеци, вработените од автошколата и сите нивни возила го блокираа патот до Станицата за технички преглед во Делчево при што интервенирала и полицијата.

  • Комисијата нема право Има одредби во кои се вели дека доколку започне полагањето нема право да се бара технички, а вчер , односно на 25-ти септември, возилото беше на технички преглед и е уредно, кажа Арсов.

За Арсов, овој начин на постапување на Комисијата има лукративни цели.

  • Мислам дека сопствениците на Испитниот центар сопственици се на автошколи „Стефан“ – Виница и „Стефан плус“ – Кочани и тие носат нивно возило таа е целта сакаат да живеат само тие, а ние другите не, рече Арсов.

Ацико трејд е 20 години работи во Делчево има 7 вработени и 6 патнички возила, 1 камион, 1 мотор и 1 автобус и сето ова што с еслучува оди на штета на угледот на фирмата, но и на кандидатите.

Од Испитниот центар Европски возач Штип и покрај нашите електронски испратени прашања  и обид да ги добиеме по јавно објавените телефонски броеви, сепак, не успеавме да добиеме  одговори на обвинувањата од Арсов.

Од СВР Штип информира дека работат на целосно комплетирање и документирање на случајот.

Извор: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *