Навики на богатите кои сами си ги заработиле своите пари


пари

Резултатите од истражувањето се објавени во книгата Change your habits, change your life, а во продолжение прочитајте накратко неколку навики кои се карактеристични за овие луѓе.

Постојано читаат – 88% од милјардерите секој ден посветуваат минимално 30 минути на читање во денот или било каква едукација за тоа како да бидат подобри и поуспешни.

Вежбаат – Најмалку 30 минути од денот милјардерите го минуваат со кардио вежби.

Се дружат со успешни луѓе – според Корлеи успешен си онолку колку што се успешни оние во чие опкружување се наоѓаш.

Јурат кон своите цели – Овие луѓе според Корлеи се опседнати со остварување на своите соништа и зацртаните цели кои резултираат со долготрајна среќа.

Рано стануваат – околу 50% од ваквите милјардери стануваат најмалку 3 часа пред да им почне работниот ден

Имаат повеќе извори на приходи
– Дури 65% од испитаниците имаат барем три извори на приходи кои ги креирале пред да ги заработат првите милион долари.

Бараат совети од ментори – Успешните ментори носат дел од заслугата за акумулирање на богатство затоа што на своите ученици им подариле важни животни лекции.

Оптимисти се – Според Колеи тие имаат позитивен став кон работењето.

Не го следат стадото – успешните луѓе создаваат свои следбеници.

Го почитуваат бон-тонот – Тие се држат до свои принципи и ги почитуваат своите соработници.

Им помагаат на другите да успеат – Своите совети и помош ги нудат на оние кои сами трчат по успехот.

Бараат повратна информација – Успешните деловни луѓе не стравуваат од критика, туку сакаат да соберат што повеќе повратни информации за да ја унапредат својата работа.

Јасно го бараат она што го сакаат – Ако сакате да бидете успешни не смеете да се плашите гласно да го кажете она што го сакате.

Влегуваат во пресметани ризици – Корлеи вели дека милјардерите не се природно бестрашни, но тие го надминуваат стравот и влегуваат во ризици.

Размислуваат во самотија – Најмалку 15 до 30 минути дневно минуваат во размислување во самотија за тоа како да ги достигнат своите цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *