Музичари ќе свират за колеги што ја изгубиле опремата во пожар

Иницијативата Friends2Friends (Пријателите за пријателите), со поддршка на граѓанската иницијатива Мрдни со прст / Lëviz me gisht , огранизира хуманитарен концерт за поддршка на музичарите, на кои неодамна им изгоре студиото и музичката опрема во зградата на „Макотекс“ во Скопје.

Настанот ќе се одржи на 26 февруари во МКЦ, со почеток од 20 часот. На концертот ќе настапат бендовите Темпера, Мугер Фугер, Фолтин, Сетстат, Алтер Виво, Милко, Јаничари и Конкверинг Лајон. Картите во претпродажба чинат 100 денари, а цената на билетот на самиот влез ќе биде 200 денари.

Покрај средствата кои ќе се соберат од продажбата на картите, во долниот дел на МКЦ ќе има и изненадување за публиката – продажба на интересни предмети, како дел од акцијата на „Мрдни со прст“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *