„Мрдни со прст“ во Македонска Каменица

Вчера, во Македонска Каменица се оддржа информативна средба за промоција на иницијативата „Мрдни со прст“. Оваа иницијатива, преку НВО КХАМ Делчево, ќе се реализира во шест општини од Источна Македонија и тоа: Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово, Виница и Кочани. Целта на „Мрдни со прст“ е да се подигне јавната свест за различните можности за општествено промени и на овој повик ќе може да аплицираат граѓански организации од Македонска Каменица.

Значајно за нашата општина е што ќе бидат доделени околу 75.000 денари за реализација на два проекта, но од првенствено значење е тоа што ќе бидат опфатени повеќе целни групи, пред се младите луѓе, кои ќе научат како може да се делува и учествува во креирањето на локалните политики.

Проектите ќе бидат реализирани во текот на 2018 година, а за што точно ќе се аплицира, ќе се одлучи на заеднички состаноци на локалните граѓански организации и здруженија на граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *