Мотоциклист удри пешак кај Кантурски рид на влезот во Македонска Каменица

Мотоцикл управуван од А.С.(28) од Македонска Каменица, вчера после полноќ, на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица, удрил во пешакот А.З.(37) од Македонска Каменица.

Македонска Каменица 13.07.2018 – Како што информираа од полицијата, утринава  околу 01,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица кај место викано Кантурски рид, мотоцикл со регистарска ознака од Македонска Каменица, управуван од А.С.(28) од Македонска Каменица, удрил во пешакот А.З.(37) од Македонска Каменица. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип и бил задржан на понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *