Во близина на влезот за кочанското село Тркање, мопед „априлија“, управуван од Т.Т. (19) од с. Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од истото село.
Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди и со возило на итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.