Младиот Филип Ѓоргиевски од ФК САСА преминува во редовите на прволигашот „Академија Пандев“

Македонска Каменица, 11.02.2019 година – Филип Ѓоргиевски, младиот и талентиран голман од редовите на ФК Каменица САСА преминува во ФК Академија Пандев од Струмица. Во текот на денешниот ден треба да биде официјализиран трансверот кој за 15-годишниот каменичанец треба да значи мотив повеќе и искуство кое ќе му го овозможи новата натпреварувачка средина во Првата фудбалска лига на Македонија.


Изминатиот период Филип Ѓеоргиевски присуствуваше на неколу последователни тренинзи заедно со првиот тим на Академија Пандев, а со младинскиот тим одигра два маѓународни пријателски натпревари. На двата контролни натпревари во Петрич, соседна Бугарија против ФК Лудогорец, младиот и надежен голман успеа да се наметне и претстави во одлично светло, што беше можеби и одлучувачки фактор да побуди интерес кај стручните лица на струмичани задолжени за откривање на млади таленти од регионот.

-Ова за мене претставува ново искуство. Јас влагувам во нова средина за мене, каде допрва ќе се докажувам и градам како играч. Сепак знаеме дека станува збор за професионален клуб, организиран според европски стандарди, кој се натпреварува во Првата фудбалска лига на Македонија. Исто така, моето школување во наредниот период ќе го продолжам во Струмица, каде одлично сум прифатен од тренерите и врсниците-соиграчи со кои се запознав на тренинзите и двата одиграни пријателски натпревари. – изјави Филип Ѓеоргиевски

Филип Ѓергиевски, во досегашниот период ги бранеше боите на ФК Каменица САСА како голаман во повеќето младински категории на клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *