Младинците на ФК Каменица САСА пресилни за врсниците од делчевска Брегалница

 

Фудбалскиот викенд за младинските категории на ФК Каменица Саса (помлади пионери и пионери) заврши со половичен успех. “Македонска Барселона”, помладите пионери на ФК Каменица Саса, под диригентската палка на капитенот Лазе Стојановски и дебитантот на тренерското столче Златко Милошевски ја извојуваа и третата последователна победа во Регионалната Помлада Пионерска – Исток. Фуриозното прво полувреме на нашите миленици заврши со 2 гола во мрежата на противникот Брегалница Сениори Делчево за вториот дел да биде само рутина. Со новата победа нашите миленици во овој момент се први на табелата во Регионалната Помлада Пионерска – Исток. Головите за ФК Каменица Саса ги постигнаа Мартин Пауновски  во 5-тата минута и Стефче Антовски во 30-тата минута од натпреварот.

Пионерите пак, се поразени со 0:4, од соодветната екипа на истиот противник. Нема простор за разочарување, само со труд, работа и посветеност ќе стигнеме до посакуваната форма и подобри резултати.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *