Мислите ли дека треба да се врати служењето војска во Македонија?

Многумина кои популарно “биле во војска“ и ден денес носталгично раскажуваат за своите војнички денови, некои позитивни некои негативни, ама да се биде војник не само што те тера да се удираш во гради туку и имаш секогаш да ја кажеш онаа реченица: Ти не си видел тешко ако не си бил во војска. Па колку расплакани девојки, па колку изневерени љубови… Па колку… Ќе го чекам да се врати од Војска…Постарите знаат да кажат дека младите сега се разгалени, ниту им се работи нити почитуваат авторитети… Се знаело дека у војска се учиш на: РЕД, РАБОТА и ДИСЦИПЛИНА. Кога си во војска си како на работа стекнуваш навики, добиваш дисциплина и после се е полесно.  Ако си бил војник, од никоја работа не ти е срамота. Тие што биле војници нема да се остават без работа.

Хрватите од 2019 ќе воведат задолжително служење  воен рок  и тоа во траење од еден месец.

Идеја за враќање на воениот рок во Македонија по предлог на генералот Котески  за задолжителниот воен рок, кој би траел три месеци, имаше, дали би требало да се реализира?

Мислите ли дека треба да се врати служењето војска?

Македонија е меѓу првите земји во регионот што во 2006 година го напуштија задолжителното служење воениот рок и е воведен систем на професионална армија.

Кога сме веќе кај носталгијата по некогашните поубави времиња, погледнете ТУКА што се се произведуваше во Југославија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *