Мила Царовска: 55 рудари заминуваат во пензија, испразнетите места ќе се пополнат со нов кадар

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денес во рамки на трибината „Фер-општество – шанса за сите“ која се одржа во Штип изјави се осврна на еден од проектите значаен за рударите од нашиот град, односно е поврзан со вработените во Рудник САСА. „55 рудари заминуваат во пензија благодарение на бенифицираниот стаж кој го воведовме од крајот на мината година. Испразнетите места ќе се пополнат со нов кадар. Ја покачивме минималната плата и бенефитот веќе го осетија 90.000 граѓани“.

„Во собраниска процедура се пакет закони со кои граѓаните ќе ги извлекуваме од сиромаштија и очекувам пратениците наскоро да ги изгласаат“ додаде Мила Царовска, Министер во МТСП во Владата на РМ.

За ова но и за други актуелни теми денеска Мила Царовска разговараше со многубројните граѓани, присутни на трибината „Фер-општество – шанса за сите“, која како што наведовме и погоре во текстот, се одржа денеска во Штип.

Извор: Фејсбук налог Мила Царовска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *