Мечката во Каменица е вистинска. Фатена е на камерите на Ловното друштво.

Дека информацијата за постоењето на мечка, која шета низ каменичките села, е точна добивме потврда од Ловното друштво. Имено, камерите кои ЛД „Каменица-Саса“ ги има поставено ја снимиле мечката. Претходно, мечката е видена и во атарот на Вратиславци и Косевица, а во атарот на село Моштица била забележана од жител на маалата „Каменаре“, за што потврда добивме од локален жител. Дали и колку мечката може да биде опасна, може да ги прашате членовите на Ловното Друштво, кои се запознаени со случајот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *