Мерцедес за една недела направи уред кој може да ги замени респираторите

Мерцедес за една недела направи уред кој може да ги замени респираторите

За помалку од една недела направен е апарат за помош при дишењето кој може да им помогне на пациентите да избегнат интензивна нега, јавува Би-би-си.

Инженерите на Лондонскиот универзитет работеле со британски УЦЛХ и Мерцедес Формула 1 на изработка на апаратот кој доставува кислород во белите дробови без потреба од респиратор. Уреди за континуиран позитивен притисок во дишните патишта (ЦПАП) веќе се користат во болниците, но ги има малку.

Кина и Италија ги користат за помош на заболените од ковид-19.

Четириесет нови уреди се испорачани на УЛЦХ и во три друи лондонски болници. Ако тестирања минат добро, Мерцедес АМГ може дневно да произведе до 1.000 такви уреди. Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи во Британија веќе дала одобрување за нивна употреба.

Уредот овозможува непрекинат проток на смеса на воздух и кислород во устата и носот на пациентот. Тоа се врши под притисок, што значи дека белите дробови остануваат отворени и така се зголемува количеството кислород кое влегува во нив.

Така се намалува напорот потребен за дишење, особено кога се ослабени алвеолите поради коронавирусот.

За разлика од едноставната маска за лице поврзана со резервоар со кислород, ЦПАП испорачува воздух и кислород под притисок, така што мора да постои маска која цврсто стои на лицето на пациентот, преку носот и устата, или се изработува провиден шлем над главата.

Ова е помалку интензивно од респиратор, за кој пациентите мора да бидат под силни седатици и со вметната цевка во дишните патишта.

„Употребата на ЦПАП апаратите кај болните со заразени респираторни инфекции е малку контроверзна бидејќи секое мало истекување околу маската би можело да расфрла капки и така да го зарази медицинскиот персонал“, вели Данкан Јанг, професор по интензивна нега.

Професорот Мервин Сингер вели дека тој ризик може да биде намален ако на пациентот му се стави шлем.

Повеќе од 2.000 пациенти заразени со коронавирусот примаат кислород со помош на уреди ЦПАП во болниците во Ломбардија.

Енди Кауел, генерален директор на погоните со високи перформанци во Мерцедес АМГ, кажа: „Заедницата на Формула 1 даде импресивен одговор на повикот за поддршка. Со гордост ги ставивме своите ресурси во служба на УЦЛ за испрака на ЦПАП проекти со највисоки стандарди и во најбрз можен рок“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *