МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И БАЛЧОВА ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Општина Македонска Каменица потпиша Меморандум за соработка со Општина Балчова од Република Турција. Соработката ќе биде во различни сфери од општественото живеење, односно ќе се разменуваат искуства во областите на економијата, урбаното управување и административните услуги, образованието, здравствената заштита, културата, спортот и туризмот, како и во заштитата на животната средина.
Меморандумот беше потпишан од градоначалничката на Балчова Фатма Чалкаја која истакна дека очекува значително продлабочување на односите и поголема соработка меѓу двете општини, и градоначалникот Димчо Атанасовски за кога овој Меморандум е само надополнување на добрите односи кои веќе ги имаат воспоставено Македонија и Турција.
  • Денес помеѓу Балчова и Македонска Каменица изградивме еден братски мост. Верувам дека со тек на време ќе се зајакнеме културно, економски и ќе продолжиме како браќа до крај. Ја користам приликата да се заблагодарам на градоначалникот и членовите на Советот за поканата и уште еднаш ќе кажам, чест и задоволство е што сме овде – рече Фатма Чалкаја во изјавата за медиумите.

Каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски додаде дека односите меѓу Македонија и Турција отсекогаш биле на најсовоко ниво, што се потврдува во континуитет.

  • За наша среќа, ние имаме можност за збратимување на Македонска Каменица со Балчова. Очекувам прекрасна соработка во областа на културата и во областа на економијата, но и во областа на спортот и се што е во интерес на двете општини – рече Атанасовски.
Во рамки на оваа официјална посета, турските пријатели имаа можност да ги посетат Рудник Саса и манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *